Официјално: Роберто Мартинез е нов селектор на Португалија

225

Она што светската јавност го најавуваше десетина дена, утринава доби и официјализација. Роберто Мартинез е новиот селектор на фудбалската репрезентација на Пoртугалија, и ќе го замени долгогодишниот кормилар на оваа селекција, Фернандо Сантош.

Мартинез се прослави откако беше селектор на Белгија од 2016 до 2022 година и ја доведе до третото место на Светското првенство 2018 година

Каталонскиот тренер ќе биде третиот странски селектор што ќе седне на клупата на Португалија и првиот што не зборува португалски како мајчин јазик.  

ПретходноКошаркарите против Словачка во Левице, против Норвешка во Осло!
СледноУжевски во Слога Виница