Погледнете каков гол е признат во Италија! (видео)

1297

Неверојатна сцена се случи на мечот меѓу Ночитаро и Кастелано во долните дивизии во Италија. Во 18 минута играчот на гостите Сабатели шутна и топката удри во надворешниот столб од противничкиот гол.

Додека фудбалерот на Кастелано се држеше за глава поради промашената шанса, главниот судија процени дека топката завршила во мрежата, па излегла надвор од теренот. Го призна голот и покрај протестите на домашните.

Интересно е што тој фантомски гол му донесе победа на Кастелано на мечот. Домашните поднесоа жалба веднаш по завршување на мечот, за да може средбата да биде преиграна и се очекува одлука од локалната федерација.

 

ПретходноЧелзи се договори со Атлетико за трансфер на Жоао Феликс
СледноБрегалница означи старт на подготовките – во план се седум пријателски средби