Македонскиот репрезентативец Валон Етепи постигна гол за реми на Истанбулспор во дуелот со Газијантеп 1:1 во рамките на турската Суперлига. Гостите водеа со голот на Јевтовиќ од 38. Минута, а резултатот не се менуваше се до 12-тата минута од судиското продолжение кога судијата покажа на белата точка.
Етеми ја презеде одговорноста и ја затресе мрежата за конечни 1:1.
Тоа е шести гол сезонава во најсилната турска лига за македонскиот интернационалец. Истанбулспор е последен на табелата со 12 бода, два помалку од тимот што е пред него, а пет помалку од сигурната зона.
Енис Барди ги одигра последните 10 минути за Трабзон во поразот од Аланија со 5:0.
İstanbulspor 1-1 Gaziantep FK
90+11′ Valon Ethemi (PEN)
— zack💚 FAST GOALS (@GoalsZack) January 9, 2023