Сухејљ Мухарем (19) младиот офанзивец на Ренова се чини дека во наредниот период ќе го носи дресот на Работнички. “Детето“ на Шкупи, кој пред 2-3 години важеше за еден од најголемит таленти на клубот од Чаир, во септември минатата година се пресели во редовите на “гипсарите“, но сепак таму не успеа да го покаже сиот свој раскошен талент.
Откако дојде до разделба со Ренова, Мухарем одлучи да се врати во Скопје, но сега во Градски парк, во Работнички каде веќе неколку дена и тренира со останатите “романтичари“.
Со овој веројатен трансфер очигледно е дека Работнички во следната сезона ќе има исклучително млад состав. Да потсетиме дема досега овој клуб го засилија Анес Османовски, Дејан Тантуровски и Бојан Илиески.