Аталанта успеа да победи со 1:2 на гости кај Болоња и тоа откако домашните имаа водство од 1:0. Ова беше последниот меч од 17.коло во Серија А.
Болоња поведе со голот на Орсолини и тоа уште во 6.минута. Сепак гостите од Бергамо тргнаа на се или ништо и добија се, односно ги освоија трите бода. Копмајнерс во 47.минута и Хојлунд во 58.беа стрелци на головите за Аталанта за победа, прва по 30 октомври во Серија А.