Во Мадрид убиен светски шампион во стрелаштво

165

Хорхе Баљестерос, светски шампион во стрелаштво во Опен дивизијата, починал во болница во Мадрид на 39 години како последица на прострелна рана во главата. Тој бил пронајден во тешка состојба во својот автомобил, па однесен во болница Ла Паз во Мадрид каде што починал.

Баљестерос, кој бил и национален полицаец, беше шпански стрелец со најмногу титули, па освен светската титула освоена во 2017 година освои и три европски титули, шест „Екстрим Еуропа Опен“ и 17 шпански првенства.

„Шпанскиот олимписки стрелачки сојуз жали поради смртта на голем стрелец и одлична личност, џентлмен во спортот и животот“, соопштија од РФЕДЕТО.

Неговото последно натпреварување било СП во Патаја (Тајланд) каде што не успеал да ја одбрани титулата и му ја препушти на Американецот Кристијан Саилер.

Полицијата го истражува случајот. Баљестерот бил оженет и имал две деца.

 

ПретходноПОЗНАТ Е СПИСОКОТ ЗА СП: Лазаров ги одреди 18-те патници за Краков!
СледноЕтем Ерен Вардар нова опција за Македонија (ВИДЕО)