„Спортрадар“,компанија која анализира спортски податоци во обложувалниците, националните и меѓународните спортски федерации и медиумските компании излезе со шокантна информација, која вели дека осум врвни судиски парови се поврзани со местење на натпревари. Неколку од нив ги судат мечевите на Светското првенство кое во овој момент се одржува во Шведска и Полска, а меѓу нив се и Македонците Ѓорѓи Начевски и Славе Николов.
Покрај нашите судиите, на удар се и Хрватите Матија Губица и Борис Милошевиќ, исто едни од најдобрите арбитри.
Во известувањето се вели дека биле наместени 28 натпревари во периодот од септември 2016 година до ноември 2018 година. Станува збор за дуели од Лигата на шампионите, како и национални мечеви – кои според „Sportradar“ покажуваат очигледни знаци на местење натпревари.
Меѓу вклучените натпревари се европските врвни клубови како германскиот Кил и Фленсбург, полскиот Кјелце и унгарските клубови Веспрем и Ѓер.
Спортрадар по објавувањето на оваа информација со својата екипа била во Малме каде побарале изјава од македонскиот тандем, но истата не ја добиле. Начевски и Николов во петокот го судеа мечот меѓу Бахреин и Тунис.
Ова обвинување од страна на „Спортрадар“ е сериозно особено ако се земе во предвид дека Начевски и Николов се судии со големо реноме, секогаш добиле големи задачи од страна на ЕХФ и ИХФ. Сомнежот е дека ова е еден вид на напад врз нив.
Повеќе детали можете да прочитате на следниот ЛИНК.