Само едно сценарио против Аргентина ја носи Македонија во главната рунда!

902
Pedro Martinez from Argentina during the preliminary round group F match between Netherlands and Argentina at the Men's IHF Handball World Championship WCH 2023 in Krakow, Poland, 13 January 2023. Panoramic/Petr Stojanovski

И дефинитивно, македонската ракометна репрезентација пласманот во главната рунда ќе го бара против Аргентина за два дена. Иако „гаучосите“ влегоа многу подобро од „црвено-жолтите“ против Норвешка, сепак на крајот беа убедливо совладани со 32-21 (16-12).

Избраниците на Кирил Лазаров имаат само едно сцеранио – да победат против Аргентина, реми не им одговара бидејќи противникот има подобра гол разлика. „Гаучосите“ пак можат и со бод до Катовице. Симонет одигра добар меч, постигна седум гола, момент кој мора да се сопре на одлучувачката средба.

За разлика од првата средба, аргентинските ракометари беа добри во првото полувреме, поточно до 25. минута, кога Норвежаните набрзина направија позитива од четири разлика (16-12). Во продолжение, Аргентина го загуби ритамот, имаше негатива од 12 гола разлика, но на крајот се изборија се пораз од 11 гола.

На останатите мечеви вечерва Данска рутински славеше против Бахреин со 36:21 и го завери пласманот во следната фаза. Хрватска одигра далеку подобро отколку пред два дена со Египет и просто ја растури селекцијата на САД со 40:22. И во третиот меч Катар беше подобар од Алжир со 29:21.

ПретходноБарса го “распарчи“ Реал и го освои Суперкупот на Шпанија! (ВИДЕО)
СледноМитревски: Натпреварот со Аргентина за нас ќе биде како финале!