Астон Вила го договори еден од најталентираните јужноамерикански фудбалери

181

Англискиот премиерлигаш Астон Вила постигна договор со Чикаго Фајр за трансфер на колумбискиот напаѓач Џон Дуран на „Вила парк“. Овој 19-годишен фудбалер сезонава во Чикаго на 14 меча постигна 8 гола и запиша 5 асистенции. Астон Вила за него ќе плати 20 милиони евра.

Дуран играл за колумбискиот Енвигадо пред да направи трансфер во Чикаго во јануари 2022 година. Тој е еден од најголемите таленти на јужноамериканскиот фудбал во моментов, можеби најголема млада фудбалска ѕвезда во Колумбија.

Дуран има и три настапи за Колумбија, а претходно играше за У17 тимот на јужноамериканскиот шампионат во 2019.

ПретходноБраќата Марко и Матео Софијаноски потпишаа за Брегалница
СледноКаде сте Македончиња, каде сте, кај отидовте?