Нотингем Форест се пофали со Бразилецот Данило

307

Англиски Нотингем Форест продолжува да се засилува, а ново име во редовите на поранешниот двоен европски првак е бразилскиот играч Данило. Тој потпиша договор на 6,5 години и доаѓа од редовите на Палмеирас за 18 милиони евра.
21-годишниот играч од средниот ред потекнува од младинскиот тим на Палмеирас, а за првиот тим дебитираше во 2020 година. Со Палмеирас ги освои Копа Либертадорес во 2020 и 2021 година и е шампион на Бразил за 2022 година.

ПретходноСрамни сцени на трибините: „Летаа“ боксови и клоци меѓу нашите навивачи (ФОТО)
СледноХарви Елиот го однесе Ливерпул во 4. коло на ФА Купот (ВИДЕО)