Вистинско фудбалско лудило владее во С. Арабија, посебно во Ријад каде сите се во очекувањена дебито на Кристијано Роналдо во дресот на Ан Наср. Тоа ќе биде утре, како играч на Ал Наср и Ал Хилал, кои заеднички во еден тим во пријателски натпревар ќе му се спротистаат на Лео Меси и останатите ѕвезди на ПСЖ.
Билети веќе одамна нема, а еден бизнисмен од С. Арабија за билет во ВИП ложата за овој меч платил неверојатни 2,7 милиони долари. Билетот бил даден на аукција со почетна вредност од 100.000 долари, а по надддавањето цената стигнала до 2,7 милиони долари.
Се верува дека ова е најскапиот билет даден за еден фудбалски натпревар.