Во Амстердам доминира портокаловото, само по некој македонски навивач (ФОТО)

610

 

Амстердам се подготвува за следната битка на Холандија, и за нов успех на „лалињата“ на ЕУРО 2020. На „Јохан Кројф“ Арената, Холанѓаните имаа 100% успешност, совладувајќи ги Украина и Австрија, а сега им следува и „најлесната“ задача.

Холандија е веќе пласирана и тоа од првото место, па се очекува да игра со резервите.

Меѓутоа во Амстердам се е во знакот на Холандија. Амстердам е обоен во портокалово, а на улиците може да се види само по некој македонски навивач. Далеку, многу далеку ќе биде атмосферата како што беше во Букурешт, барем за нашата репрезентација.

Се очекува околу стотина македонски фанови, главно од дијаспората, да бидат на трибините утре.

ФОТО: Димитар Петковски

ПретходноМанчини со „измешан“ состав на Велс, Имобиле и Инсиње на клупа, шанса добива Белоти
СледноБ-тимот на Македонија одново поразен од Србија!