Селекторот на Италија Роберто Манчини зборувше за состојбата во националниот тим и начинот на кој треба да се развива. Тој вели дека Италија има „четири-пет“ талентирани фудбалери меѓутоа проблемот е што тие не добиваат голема минутажа на натпреварите.
„Проблемот е што не им дозволуваме на талентите да се развиваат. Ги бараме секаде, вклучувајќи ги и младинските тимови. Мислам дека Италија има четири или пет талентирани фудбалери со квалитет како Џад Белингем од Англија меѓутоа тие треба да играат. Значи имаме млади квалитетни фудбалери без искуство“, изјави Манчини.
Некои од младите италијански фудбалери играат надвор од Апенините, таков е примерот со Џанлука Скамака.
„Во овој момент Италија нема многу добри напаѓачи, но се обидуваме да ги најдеме. Скамака добро напредува, собира искуство во Премиер лигата“, додаде селекторот.