Арсенал и официјално почна преговори за Тросард

335

Откако украинецот Мудрик се пресели во Челзи наместо во Арсенал, „Топџиите“ сега се концентрираат на сосема друго напаѓачко засилување што е и нормално.

Се работи за интернационалецот од Белгија и во моментов член на Брајтон, Леандро Тросард, кој е суспендиран во моментов од сегашниот клуб поради барање да биде продаден и кавга со менаџерот Роберт Де Зерби.

Според информациите Тросард веќе ги има договорено личните услови со Арсенал, а сега на ред се преговорите на линија клуб со клуб.

Оваа сезона Тросард има седум гола на 17 натпревари за Брајтон. Интересот за него е сериозен, а ситуацијата ја следи и Тотенхем.

 

ПретходноРемзифаик Селмани во нападот на А. Пандев!
СледноУбедлив триумф: Македонија си поигруваше со Алжир