Јасно е дека откако Македонија не успеа на СП да се пласира во следната фаза, во главната рунда, во јавноста владее разочарување. Македонија ќе игра во “Президент Купот“, а за тоа како што мисли за настапот на нашата репрезентација свој коментар за “Балкан-хендбол“ имаше Веселин Вујовиќ, екс – стратегот на Вардар и љубимецот на “Комитите“:
“Сигурен сум дека Лазаров на ова СП дојде со други амбици и со желба да се победи барем на еден меч во групата. Но треба да се знае дека Македонија се падна во исклучително тешка група. Нема од што да се срамат, но исто така Македонците брзо забораваат кој си и што си. Брзо забораваат на тоа што си направил и какви заслуги имаш за овој спорт.На оваа репрезентација и треба време, а тие често многу бргу го губат трпението. Според мене ќе биде грешка ако после турнирот се прават промени“ истакна актуелниот селектор на Иран.