Прва и воедно убедлива победа на Македонија на СП и тоа во својот четврти настап и тоа во “Президент Купот“ денеска против Алжир со 40:25 (19:11).
Ова беше првиот наш меч во разигрувањето за пласман од 25 до 32 место на Мундијалот, меч кој се одигра во “Орлен Арената“ во Плоцк.
Сосема добро издание на нашите момци, кои на моменти дури и си поигруваа со Алжирците. Добра одбрана, добар напад, секако се играше разновидно, Пешевски беше одличен, но и сите останати кои добија шанса на овој меч од страна на селекторот на Кире Лазаров.
Македонија уште на почетокот од средбата поведе и тоа водство го држеше до крај. Брзо се “одлепивме“ на +4 во 10.минута и до одењето на пауза само го зголемувавме водството кое на крај, по таа 30.минута, изнесуваше 19:11.
Во второто полувреме продолживме со ист ритам, Манасков, повторно Пешевски, како и останатите го полнеа голот на противникот за +10 во 41.минута.
Се виде желбата кај нашите момци да го поправат впечатокот од претходните три мечеви, да одиграат добро, квалитетно, да се борат за дресот на Македонија.
Во тие моменти, кога се чини дека Алжир беше скршен, селектрот Лазаров има даваше шанса на неколкумина останати кои досега имаа мала минутажа. Па имаше и голови од нив, како Младеновиќ, Савревски, Стојковиќ, Павле Атанасијевиќ, Костески, Ѓорѓиев…
Митревски на голот се покажа во добро светло, се беше како што треба и како што се очекув од оваа репрезентацијата на Македонија.
Алжир се обидуваше колку толку да го намали минусот, но тоа не одеше од рака. Во последните минути на терен претежно беа помладите, кои во секој случај со играта и залагањето ја оправдаа довербата од селекторот Лазаров.
Се на се, добра игра, убедлива победа на Македонија, настап кој ветува дека ќе има уште победи на ова СП во разигрувањето за пласман.
Кога сме кај стрелците да кажеме дека Пешевски беше одличен со 7 голови, Манасков забележа еден помалку. Потоа Ѓорѓиев, Костески, Савревски и Стојковиќ погодија по четири пати.