Ракометниот клуб Охрид оваа зима продолжува да ги засилува своите редови. Па така од денеска нов член е интернационалецот од Алжир, Абдерахим Будрали кој е висок 203 см и секако дека ќе биде големо засилување за составот од Охрид.
Алжирацот игра на левата бековска линија, а пред да дојде во Македонија, во тимот на Охрид, настапувал за екипи од Кувајт, Тунис и Алжир.