Екс-селекторот на Ирска по долга пауза се врати на тренерската работа

157

Мик Мекарти, човекот кој два пати беше селектор на Република Ирска се врати на тренерскиот занает по речиси една и пол година пауза. Тој е назначен за нов тренер на Блекпул, тимот кој се натпреварува во Чемпионшип дивизијата.
Мекарти доби задача да го извлече Блекпул од опасната зона откако тимот западна во криза и 10 меча е без победа. Поради тоа падна на претпоследното место на табелата и му се заканува преселба во Лига 1 (Третата лига по ранг во Англија).
Мекарти беше селектор на Ирска од 1996 до 2002 година и потоа од 2018 до 2020 година. Притоа работеше во неколку англиски клубови како Милвол, Сандерленд, Вулверхемптон, Ипсвич, Кардиф, а два месеци и во кипарски АПОЕЛ.

ПретходноШвјонтек продолжува со доминацијата на Австралија Опен
СледноПо првата недела на СП само двајца позитивни од 1.086 тестирани