Циндриќ: Ова е срамота, на нив им доделија десет топки!

1256

Хрватската ракометна репрезентација направи сензација и во натпреварот од првото коло од главната рунда на СП го изненади актуелниот светски првак Данска играјќи нерешено 32:32. Со овој резултат Хрватска ја искомплицира ситуацијата во групата и си даде мала шанса некако да се пласира во четвртфиналето.

Натпреварот го коментираше Лука Циндриќ, кој не е задоволен од судењето на Шпанците Гарсија и Марин:

„Нема да коментирам за судењето, но мислам дека е срамота што на ваков меч за нив одлучуваат десет топки, ниту една за нас, ова е катастрофа, но тоа не е прашање за нас, нека се занимава некој друг со тоа.

Одигравме многу тежок натпревар, дадовме се од себе. За жал, не победивме, но можеме да бидеме задоволни со бодот и настапот. Не беше лесно, имаа полни трибини со нив, но знаевме дека можеме да им парираме само со цврста одбрана. Немаа решение, но играа 7 на 6 во напад, а ние не можевме да се одбраниме во вториот дел и да постигнеме лесен гол. Многу сум горд на целиот тим“.

ФОТО: ИХФ

ПретходноТејтум им сервираше одмазда на Вориорс (ВИДЕО)
СледноШто се случи меѓу Анчелоти и Родриго? Италијанецот кратко објасни!