Кога си делегиран за едно големо дерби на денот на СП, а тоа е мечот меѓу Шведска и Исланд, тогаш навистина вредиш. Тоа може да се каже за нашата судиска ракометна двојка Ѓорѓи Начевски и Славе Николов кои од страна на ИХФ се делегирани да ја делат правдата на овој денешен дерби меч од групата -2 во главната фаза, меч кој решава веројатно и за првото место.
Натпреварот Шведска – Исланд се игра во „Скандинавиум Арената“ во Гетеборг со почеток од 20:30 часот.
Да потсетиме дека Начевски и Николов го судеа и дербито меѓу Португалија и Унгарија во првата фаза од СП.