„Лавовите“ слетаа во Анталија, таму ќе одиграат четири пријателски натпревари

205

Екипата на Македонија Ѓорче Петров по одработените подготовки во Медулин, Хрватска и учеството на локалниот фудбалски турнир Арена 2023 каде завршија на 4. место денеска слета во Анталија каде ќе продолжи со тренинзите пред почетокот на пролетниот дел од сезоната во ПМФЛ.

До 6 февруари „Лавовите“ ќе одиграат четири пријателски натпревари од кои првите три се против бугарски екипи. Ова е распоредот на натпревари во Анталија.

27.01.2023           Македонија ЃП – Берое (Бугарија)
29.01.2023           Македонија ЃП – ЦСКА Софија (Бугарија)
02.02.2023           Македонија ЃП – Спартак Варна (Бугарија)
06.02.2023           Македонија ЃП – Инхулец Петрове (Украина)

 

ПретходноЕте го и првиот Летонец во Серија А
СледноКФСМ објави ранг листа за поделба на парите од ваучерите во мак-баскетот