Мерцедес најавува големо враќање во Ф1: Нашиот болид има огромен потенцијал

306

Тото Волф, директорот на екипата на Мерцедес која се натпреварува во Формула 1 вели дека оваа сезона тимот ќе се бори за победи. Мерцедес минатата сезона заврши на третото место кај конструкторите, а Волф смета дека очекувањата, сепак, треба да бидат реални.

Без сомнеж, кога почнувате со заостанување од половина секунда, тешко е да се стигнат ривали како Ред Бул и Ферари. Ние сме супер одлучни да ги престигнеме, меѓутоа мораме да ги поставиме нашите очекувања на реално ниво.

Се надеваме на подобар настап оваа сезона. Мислам дека има толку многу потенцијал во нашиот болид, а ако се земе в предвид и внатрешниот концепт и начинот на кој возиме тогаш можеме да се надеваме на добри резултати сезонава“, изјави Волф.

Тој додаде дека кога ќе почнат тестирањата ќе видат дали тој и неговиот тим го отклучиле потенцијалот во болидот.

Мислам дека знаеме каде се нашите недостатоци. Работиме напорно тоа да го исправиме, меѓутоа кога ќе почнат тестирањата ќе видиме дали го отклучивме потенцијалот за кој зборуваме дека постои во нашиот болид“, додаде Волф.

Новата сезона во Ф1 почнува на 5 март со Големата награда на Бахреин.

 

ПретходноЛајпциг успеа да го задржи Баерн во првиот меч од полусезоната (ВИДЕО)
СледноГвардиола: Ќе се вратам во Барселона!