Академија Пандев продолжува да ги засилува своите редови за вториот дел од сезоната во ПМФЛ. Тројца нови играчи потпишаа договори со струмичкиот клуб.
Сандро Ембало е португалски централен дефанзивец кој доаѓа од екипата на АЦ Оулу (Финска) и ја засилува одбранта и левата бековска позиција.
Неат Абдулаи е Mакедонец кој веќе неколку сезони е дел од неколку екипи во италијанската Серија Д. Последен клуб за кој настапувал е Монтебелуно, а игра на позициите крилен и централен напаѓач.
Иван Галевски доаѓа од екипата на Победа од Прилеп и ќе биде засилување на двете крилни позиции.