Вклучен алармот во Јувентус: Играчите сакаат да го напуштат клубот, двајца побарале средба со управата!

2918

На проблемите на Јувентус им нема крај. Познато е дека Фудбалскиот сојуз на Италија реши да го казни клубот од Торино со одземање петнаесет бодови.

Во соблекувалната се вклучи црвен аларм, а на играчите на Јувентус им беше забрането да кажат што било за медиумите.

Секако, во секоја соблекувална има фудбалери кои се „добри“ со медиумите, и пренесуваат одредени информации. Така, италијанските медиуми дојдоа до информација дека Леонардо Бонучи и Данило веќе утрово побарале итна средба со клубот.

Нивната цел е од прва рака да дознаат што се случува со Јувентус, и каква е нивната иднина, но и иднината на самиот клуб.

Јувентус речиси десет години ги „надуваше“ трансферите користејќи трикови и со тоа дојде до предност пред другите клубови од оваа земја. Раководството што го овозможи тоа го крена сидрото, а пристигна нова управа која треба да се обиде да го стабилизира овој клуб.

Сепак, поради сите проблеми прашање е колку фудбалери ќе одлучат да останат во тимот на Јувентус.

Најмногу се зборува за заминувањето на најпопуларниот играч на Јувентус, српскиот напаѓач, Душан Влаховиќ, кој очекуваше многу повеќе кога потпиша за овој клуб.

Тој дојде минатата зима за 80 милиони евра за да игра во Лигата на шампионите, но многу брзо би можел да си замине бидејќи наводно има неколку понуди од Англија.

Влаховиќ не е единствениот фудбалер кој е незадоволен од состојбата во Јувентус. Сепак, по средбата помеѓу играчите, тренерот и новата управа ќе бидат познати повеќе детали.

ПретходноРФМ ја објави предлог ранг листа за поделба на ваучерите!
СледноМитревски: Секоја победа на СП е важна!