Барселона сака да го размени Кеси за Зијех

154

Барселона и Челзи се подготвени да седнат на маса и да преговараат за можна размена на играчи.

Тренерот на Каталонците, Чави сака да најде замена за Мемфис Депај кој замина во Атлетико Мадрид, а еден од играчите кои се на листата на посакувани е и фудбалерот на лондончани, Хаким Зијех.

Барселона беше заинтересирана за мароканскиот играч за врска и минатиот зимски прозорец, но тогаш клубот се реши за потписите на Феран Торес и Адам Траоре.

Челзи е подготвен да разгледа различни понуди за Зијех, но меѓу опциите се и продажбата на играчот и размената за Френк Кеси, кој не се снајде во Барса.

ПретходноАтанасовска со историски резулат за македонското скијање
СледноПо пауза од 4 години: Илка Штухец победи на трка од Светскиот куп!