Капитенот на Унгарија, Адам Салај, добил топлотен удар на вчерашното реми 1:1 со Франција, соопшти прес-службата на унгарската селекција. Ова е причината поради која 33-годишниот напаѓач беше заменет во 26-та минута од средбата.
Веднаш по натпреварот со „петлите“, Салаи беше подложен на обемни лекарски прегледи и резултатите се охрабрувачки. Тој се очекува да ја предводи Унгарија против Германија во натпреварот од третото коло од групната фаза на Евро 2020 против Германија.