Македонската ракометна репрезентација е поразена од Тунис со 28-33 во рамките на вториот меч од Президент Купот на Светското првенство. Ова беше прв пораз во овој дел од Мундијалот, вкупно четвртти. „Црвено-жолтите“ имаа неколку добри минути на стартот на второто полувреме, успеаја да поведат, но пред 50. минута влегоа во серија на технички грешки, кои противникот не ги прости. Ова значи дека нашата репрезентација нема да се бори за 25. место.
Митревски имаше осум одбрани, Манасков и Кузмановски запишаа по седум погодоци, Костески и Талески имаа по три гола.
Лош старт на македонската ракометна репрезентација на стартот на мечот против Тунис. Противникот отвори со 5-0, нашите момци првиот гол го постигнаа во шестата минута преку Георгиевски. Се мачевме со одбраната, Тунис ги казнуваше сите наши грешки, водеше со 2-6 и 2-7.
Митревски повторно беше на ниво на задачата, па заедно со Мансков, го држеа тимот буден. Со серија од 3-0 се доближивме на 5-7. Техничките грешки беа проблем за избраниците на Кирил Лазаров во овој дел од мечот, не ја користеа предноста од играч повеќе на теренот. Во вистинско време се разбуди Кузмановски, блесна во светлото кое го посакувавме, постојано бевме на негатива од два гола, пред самиот крај на првото полувреме токму со нов погодок на Фитиљ, Македонија дојде на 14-15, Маркоски од чиста ситуација не реализираше за израмување, па Тунис казни на одморот замина со негатива од 14-17.
Сликата се смени по одморот, Македонија заигра на повисоко ниво, па веќе со голот на Петар Атанасикевиќ дојде до првото водство 18-17 по само пет минути игра. Оваа позитива ја имавме по пред средината на вториот дел, кога влеговме во серија на грешки. Она што го градевме се урна како кула од карти, Тунис со три гола во серија поведе со 21-24.
Костески го прекина налетот, Македонија повторно влезе во резултатска трка, бркаше негатива, која во 53. минута изнесуваше 24-30. Тука веќе беше јасно дека поразот ќе биде неизбежен.
Македонија следниот меч го игра за два дена против Мароко.