Шалке 04 постави неславен рекорд – 36 гостински меча нема победа!

92

Екипата на Шалке 04 е печена за кам-бек во втората Бундес лига. Денеска тимот од Гелзенкирхен загуби на гостувањето кај Ајнтрахт Франкфурт со 3:0 што е нивен петти гостински пораз по ред.
Севкупно гледано Шалке 04 постави неславен рекорд во Бундеслигата. Тие се единствени со 36 гостински натпревари без победа во најсилната германска лига (не ја сметаме минатата сезона кога играа во Втората лига). Последен пат се радувале на победа надвор од својот стадион на 23 ноември 2019 година кога го победија Вердер во Бремен со 2:1.
Од тогаш никако да се израдуваат на победа. Ефектот им е 10 ремија и другите се порази. Само оваа сезона имаат две ремија и шест порази во гости.
Шалке е закован на дното со 9 бода по 16 меча.

ПретходноДанска ја наполни мрежата на САД, Германците се чекираа во 1/4 финалето
СледноМиранчук со прекрасен гол му донесе победа на Торино над Фиорентина (видео)