Доаѓањето на Кристијано Роналдо предизвика бура во Ал Наср. Клубот за да ја регистрира светската ѕвезда мораше да се ослободи од еден странец, па изборот падна на Винсент Абубакар. Камерунскиот напаѓач доби отказ, а тој не чекаше многу на нов ангажман.
Се врати во редовите на Бешикташ, клубот во кој играше пред да отиде во Ал Наср во 2021 година.
Ова е трет пат Камерунецот да игра за „Орлите“ од Истанбул. Првиот пат во сезоната 2016/17 како позајмен од Порто. Потоа во 2020/21 со постојан договор и сега со договор на 2,5 + 1 година.