Филаделфија се врати од минус 21, Бостон продолжува да гази (ВИДЕО)

85

Филаделфија успеа да најде лек за Сакраменто. На гостински терен славеше со 127-129 и стави крај на серијата од шест победи во низа на „кралевите“. Ова беше одличен меч чиј тек е решен во пенал завршница, во која гостите успеаја да ја сочуваат „благата“ предност.

Сакраменто ќе жали за овој пораз бидејќи во првото полувреме имаше предност од 21 поен, но истото веднаш беше стопено во третата четвртина. Пред самиот крај гостите направија пресврт, поведоа со плус 11 и до крај машки се бореа за триумфот.

Тајрис Максеј со 32 поени беше прво име во редовите на победничкиот тим, на другата страна Фокс имаше 31 поен.

Бостон ја запиша деветата победа во низа, откако го совлада Торонто со 104-106 во трилер завршница. Сиакам со 29 поени, 10 асистнеции и 9 скока го предводеше домашниот состав, Браун со 27 поени, 8 скока и 7 асистнеции беше најдобар кај победникот.

Бостон со скор од 35/12 се наѓа на врвот во Истокот, зад него е Филаделфија со 30 победи и 16 порази.

Резултати: Вашингтон – Орландо 138-118, Атланта – Шарлот 118-122, Кливленд – Милвоки 114-102, Минесота – Хјустон 113-104, Феникс – Индијана 112-107, Сакраменто – Филаделфија 127-129.

ПретходноСензација на Австралијан Опен: Елиминирана главната фаворитка за трофејот!
СледноЛазаров: Тунис заслужено победи! Не чека напорна работа при оваа смена на генерација!