АО во знакот на „династијата“ Корда: Татко му го освои, па падна на допинг, синот е четвртфиналист

199

Себастијан Корда е еден од годинашните четвртфиналисти на Австралија опен, зачекорувајќи по стапките на својот татко Петр, кој својот најголем успех во и онака контроверзната тениска кариера го направи на терените во Мелбурн. Кога Петр Корда го освои Австралија опен во 1998 година, Себастијан не беше ни роден. На свет дојде две години подоцна.

Турнирот, на кој Петр наполни 30 години, беше втор Грен слем, каде стигна до финалето. Во 1992 година, на Ролан Гарос, тој загуби од Џим Куриер. Сепак, Корда постариот влезе во историјата со нешто сосема друго: фактот дека шест месеци подоцна, на Вимблдон, во телото на Петр беше пронајден нандролон, анаболичен стероид познат како допинг уште од 60-тите.

Корда се изјасни за невин и во комбинација со несовршеноста на тогашниот анти-допинг код, тоа го доведе случајот во ќорсокак. Првично, Петр избегна дисквалификација велејќи дека не знае како лекот дошол во неговото тело, а независната комисија го разгледа случајот и ја замени забраната со одземање на наградата и минус поени на АТП листата. Корда продолжи да игра, но во септември 1999 година сепак беше дисквалификуван на една година и му беа одземени сите пари. Дотогаш тој веќе се пензионираше.

Случајот на Корда беше заборавен од сите, освен Марсело Риос, кој пред неколку години побара истрага и потенцијално на Чехот да му се одземе титулата на Австралија опен и да му се додели нему, како поразен во финалето.

Сега преизмето Корда повторно е актуелно во светскиот тенис. Младиот Себастијан стигна до четвртфиналето на Австралија Опен и ќе се обиде да го повтори најголемиот успех на неговиот татко, кој беше негов прв тренер, заедно со неговата мајка Регина Рајхртова, која исто така беше професионална тенисерка.  Корда Јуниор како јуниор го освои Австралија Опен во 2018 година, 20 години по победата на неговиот татко. Сега ќе се обиде тоа да го повтори и во сениорска конкуренција.

ПретходноГолеада на „Сигнал Идуна Парк“, Дортмунд победи а играше и Алер!(ВИДЕО)
СледноСелекторот повторно на клупата на Кожув!?