Македонската ракометна репрезентација денеска (18 часот) го игра последниот меч од групната фаза во Президент Купот на Светското првенство. Противник на избраниците на Кирил Лазаров е селекцијата на Мароко.
И двете репрезентации имаат по два бода. Македонија со поразот од Тунис ги изгуби сите шанси да игра за 25. место на овој шампионат, па сега останува да го совлада Мароко и да се најде во битка за 27 позиција.
Противникот треба да се добие дефинитивно, за разлика од „црвено-жолтите“ против Алжир едвај дојде до победа. Македонија има и поголем квалитет, тоа треба да го покаже на терен денеска во Плоцк.
Нашите ракометари до сега имаат четири порази и една победа, па Мароко ќе биде одлична шанса за нова победа, но и дуел за против Ј.Кореја за повисока позиција. Против Мароко и реми ќе не однесе во битката за 27. позиција, „црвено-жолтите“ имаат подобра гол-разлика, +10 наспроти -4 на Мароко.
Митревски имаше два добри меча на голот, се разбуди Кузмановски, добра партија пружи и Манасков, останува одбраната добро да се скокцка за да финишот биде подобар од почетокот.