Адеми побарал да си оди од Динамо!?

328

Хрватските медиуми откриваат дека македонскиот репрезентативец Аријан Адеми побарал дозвола да си замине од Динамо Загреб. Некои тврдат дека дошло до конфликт меѓу него и тренерот Анте Чачиќ во соблекувалната после мечот со Горица кој заврши без голови и дека ситуацијата била непријатна.

Адеми денеска дошол во клубот со намера да издејствува исписница од клубот и со желба да искористи некоја од понудите кои ги има (се споменуваше Валенсија во последните денови).

Меѓутоа од Динамо го одбиле неговото барање со што му порачаа дека тој ќе остане на „Максимир“. Според „Јутарњи лист“ Адеми по разговорот со претседателката на Управниот одбор Влатка Перас и тренерот Чачиќ, мирно ја прифатил одлуката што значи дека нема да си оди. Тоа потоа го потврди и тренерот Чачиќ.

Освен Ливаковиќ може да си оди затоа што има клаузула во договорот дека Динамо ќе го пушти ако некој клуб плати 10 милиони евра за него. Сите други играчи ќе останат, нема заминување. Нашиот капитен Адеми сигурно ќе остане во вториот дел од првенството“, изјави тренерот Чачиќ.

 

 

ПретходноДон Карло ова никогаш не го доживеал во својата кариера, еден фан му побара гума за џвакање! (ВИДЕО)
СледноМакедонија го демолира Мароко, против Јужна Кореја за 27. место на Мундијалот!