Динамо Загреб се огласи: Адеми дојде со понуди од други клубови, ние му нудиме нов договор!

642

Денеска се појави информација дека Аријан Адеми незадоволен од челниците на Динамо побарал да си замине од клубот. После тоа, Динамо излезе со соопштение и изјави дека нема никаков конфликт меѓу капитенот и остатокот од клубот.

„Нема никаков конфликт во каква било форма меѓу некој од клупските челници, претседателот на клубот, претседателот на УО, членот на УО Крешимир Антолиќ или спортскиот директор и тренер Анте Чачиќ во однос на капитенот на Динамо, Аријан Адеми.

Капитенот Аријан Адеми денеска беше во клупските простории каде што се сретна со челниците со цел да ја пренесе информацијата дека одредени клубови од странство се заинтересирани за негов трансфер.

Потоа, раководството на клубот заедно со спортскиот директор и тренерот едногласно се изјаснија за капитенот Аријан Адеми да остане во Динамо, а беше даден предлог капитенот на првиот тим да потпише нов договор со ГНК. Динамо“, објави хрватскиот шампион.

Адеми, 31-годишниот играч од средниот ред, за Динамо одигра 351 натпревар и постигна 39 гола со 29 асистенции. Во клубот е од 2010 година кога пристигна од Шибеник.

ПретходноФутсал У19: Нерешено против Германија и пораз од Косово на претквалификацискиот турнир во Скопје
СледноЕкс-вардарец се прости од репрезентацијата: Црна Гора, ми беше чест!