Дарвел – Абердин 1:0 е епилогот на мечот од 1/16 финалето во Купот на Шкотска. До тука ништо чудно,но ако се знае дека Дарвел е аматерски клуб и тоа член на петтата шкотска фудбалска дивизија, е тогаш тоа нешто значи.
Играше и Македонецот Бојан Миовски кој влезе на почетокот на второто полувреме откако гостите видоа дека шегата ја однесе ѓаволот, но се беше бадијала.
И покрај шансите, и покрај агресијата и нападитекон домашниот гол, големиот фаворит Абердин не успеа да постигне гол и со тоа доживеа елиминација од петтолигаш.