Македонскиот репрезентативец Аријан Адеми има отворена понуда од турскиот прволигаш Адана Демирспор, но Динамо (З) не сака да остане без својот капитен. Според пишувањата на хрватските медиуми, шестопласираниот тим во турската Суперлига во чии редови настапува и нашиот интернационалец Јован Манев, веќе испратил понуда за Адеми во канделаријата на хрватскиот шампион.
Тренерот на турскиот тим, Винченцо Монтела инсистирал да се обезбеди потписот на Адеми, кој во интервју најави дека би размислил за заминување од Загреб. На Максимир се уште не размислуваат за кревање на рампата за Аријан Адеми. Уште пред два дена, Динамо ја смири „бурата“ со соопштение, во кое порачаа дека на Адеми ќе му понудат нов договор.