Чекаме Дијамантот да “блесне“, во Амстердам по 30. пат во дресот на Македонија!

322

Македонија чека конечно Елиф Елмас, нашиот фудбалски дијамант,  на ова ЕУРО да блесне. На мечевите во Букурешт, против Австрија и Украина, Елмас имаше голема желба, големи мотиви и се чини дека “изгоре“ во таа желба. Македонија очекуваше многу повеќе од него.

Се чини дека вечерва во Амстердам е вистинската прилика за Елмас, да покаже што знае. Да покаже на дело на простувањето на “бате Горан“ дека тој е легитимниот наследник на Пандев кој вечерва за последен пат ќе игра за Македонија.

Инаку Елмас на “Јохан Кројф Арената“ во Амстердам по 30. Јубилеен пат ќе настапи во дресот на репрезентацијата, го очекува и осмиот гол.

ПретходноПандев се пошегува: Да ги тргнеме Кока-Колите да ставиме Струмка (ВИДЕО)
СледноЕмоции во Амстердам: Пандев во прегратка со Ристовски (ФОТО)