Феноменалниот крилен кошаркар на Бруклин Нетс, Кевин Дурент, наводно, решил да го облече репрезентативниот дрес на САД и да настапи на ЛОИ во Токио ова лето. Ако тоа навистина се случи, Американеците се на пат да добијат нов „Дрим – Тим“ за Олимпијадата.
Дурент со САД има освоено златни медали од Олимписките игри во Лондон и Рио, како и од Светските првенства во Истанбул во 2010 година. Заедно со Дурент, учеството во составот на САД го потврди и најдобриот играч на Бостон, Џестон Тејтум (23), а претходно ова лето беше објавено дека во Токио ќе биде и ѕвездата на Феникс, Девин Букер.
Исто така, дресот на САД треба да го облечат и најдобриот кошаркар на Портланд, Дамијан Лилард, како и ол-стар дефанзивецот на Вашингтон, Бредли Бил.