Во интересен меч, Осасуна успеа да ја победи Севилја во меч од четвртфиналето во Купот на Кралот со 2:1, и тоа по продолженијата, и да се пласира во полуфиналето.
Домашните поведоа со голот на Авила во 71.минута, и така беше се до судиското продолжение. Осасуна имаше два зицери за 2:0, но сепак не ги искористи. Пота стигна казната и тоа во 90+5.минута, кога Ен Несири успеа да постигне гол за 1:1, по што се замина во продолженија.
А таму во 99.минута Езалзоули постигна гол за 2:1 за Осасуна, гол кој се покажа како решавачки за победа.
Со ова Осасуна е вториот полуфиналист во ова натпреварување, покрај Барселона која вечерва славеше против Сосиедад.
Утре вечер се играат останатите два меча од четвртфиналето. Се среќаваат Атлетико Мадрид – Реал Мадрид и Валенсија – Билбао.