Сопственикот на Јувентус: Не се докажани обвинувањата против клубот

205

Сопственикот на Јувентус, Џон Елкан е категоричен дека семејството Ањели нема намера да го пушти клубот на продажба. Неговиот братучед Андреа Ањели, кој беше претседател на „Старата дама“ во последните десет години, си замина во ноември заедно со целиот одбор на директори откако изби скандалот со финансиски манипулации. Јувентус неодамна беше казнет со одземање на 15 бода од имотот во Серија А, но новата управа поднесе жалба на одлуката до Италијанскиот олимписки комитет.

 „Андреа продолжува да биде акционер во нашата компанија „Џовани Ањели БВ“, каде што е и дел од управниот одбор. Тој заврши одлична работа во последните десет години како претседател на Јувентус и реши да си замине заедно со целиот управен одбор за да овозможи подобра одбрана од сите обвинувања, кои до ден денес не се докажани. Нашата врска со клубот е силна и издржа различни кризи“, изјави Елкан.

ПретходноАмар Хаџибулиќ потпиша професионален договор со Работнички
СледноКалин подобар и од Соргер, оди во полуфиналето во Тунис