Највлијателните медиуми во Италија имаат шанса да платат на неименувано лице дури милион евра за да дојдат до фотографии од моменталната состојба на Михаел Шумахер. Легендарниот германски возач е надвор од очите на јавноста откако во 2013 година доживеа несреќа за време на скијање.
Од тогаш многу малку се знае за него. Личноста која го фотографирала и снимала Шумахер е блиска до семејството, не само што сака да заработи многу пари, туку и после девет години од несреќата сака на целиот свет да покаже како изгледа седумкратниот шампион во Ф1.
Неофицијално, семејството Шумахер не е изненадено, знае за кого станува збор, но не сака да го открие неговиот индетитет, барем не засега.
Инаку како што стојат работите, италијанските медиуми не сакаат да ги откупат фотографиите. Дали тоа ќе се промени, останува да видиме.