Откако беше “изигран“ од Фудбалската федерација на Франција, која пак го продолжи договорот со Дидие Дешамп, Зинедин Зидан и дефинитивно се врти кон клупскиот фудбал. Сега се поврзува со неколку клубови кои би сакале да го видат Зизу, човекот кој му донесе на Реал Мадрид хет-трик од титули во ЛШ, но исто така е важно и што сака тој.
Па така денеска медиумите во Шпанија пишуваат дека Зидан посочил дека би сакал да работи само во четири клуба. А тоа се Јувентус, ПСЖ, Баерн Минхен и Реал Мадрид.