Интер успеа да забележи победа и да надополни за оној пораз од Емполи пред неколку денови. Денеска во меч од Серија А, „нероаѕурите“ славеа на гостувањето кај Кремонезе со 1:2.
Кремонезе поведе во 11. минута со прекрасниот погодок на Окереке. Нигериецот шутираше од далечина под пречката на голманот на Интер.
Во 21. минута изедначи Лаутаро Мартинез. Џеко шутираше, голманот на Кремонезе одби, а Аргентинецот ја смести топката во мрежата.
Во 65. минута одново Џеко асистент, а Мартинез од неколку метри го совлада Карнесеки за победа од 2:1.
Интер по 20 кола е втор на табелата со 13 победи односно 40 освоени бодови, 10 помалку од лидерот Наполи кој има и меч помалку.
Кремонезе е последен на табелата.
Cremonese vs Inter Milan 1-0#CremonosevsInterMilan#InterMilan#CremoneseInter pic.twitter.com/lNXCE88zXs
— Sports Time (@SportTimeLive24) January 28, 2023
Goal di Lautaro 🇦🇷 #CremoneseInterpic.twitter.com/MRDLZPTuW6
— Jean 10mg🇧🇷🇮🇹 (@jeanq00) January 28, 2023
Doppietta del nostro Lautaro 🇦🇷#CremoneseInterpic.twitter.com/BiT16jvwze
— Jean 10mg🇧🇷🇮🇹 (@jeanq00) January 28, 2023