Горан Пандев ја посети „Маракана“: Црвена Звезда ја сакам уште од дете

620

Црвена Звезда денеска беше домаќин на легендата на македонскиот фудбал Горан Пандев, кој во друштво на претседателот Светозар Мијаиловиќ ги посети клупските простории, музејот и уште еднаш ја потврди љубовта кон „црвено-белите“.

Како мал го сакав овој клуб и навивав за него. Звезда е голем клуб и за неа играле многу големи играчи. Има неверојатна историја. Среќен сум што сум овде. Ќе го ставам дресот на Звезда во мојот музеј. Ми недостасуваше црвено-белиот дрес со моето име“, изјави Горан Пандев.

Горан Пандев не заигра за неговиот омилен клуб од детството но остави длабок траг во италијанскиот фудбал, посебно за Интер, Лацио и Наполи.

За Звезда играле многу македонски фудбалери, а Дарко Панчев и Илија Најдовски оставија најголема трага. Ја освоија ЛШ што за играчите е најголем успех и сон, а знаеме колку е тоа тешко“, заклучи Пандев.

ПретходноАх Јуве Јуве…. Монца за тебе е Формула 1 (ВИДЕО)
СледноГранеруд со двоен триумф во Тауплиц го симна Кубацки од првото место во СК