Гранеруд со двоен триумф во Тауплиц го симна Кубацки од првото место во СК

90

Норвежанецот Халвор Егнер Гранеруд оствари две победи на ски-скокалницата „Кулм“ во австриски Тауплиц и со тоа изби на првото место во генералниот пласман во СК. Во саботата Гранеруд победи пред домашниот натпреварувач Штефан Крафт и Словенецот Домен Превц, а следниот ден Норвежанецот заврши прв пред Словенецот Тими Зајц и Штефан Крафт.

Победникот на „Новогодишната турнеја – Четири скокалници“ има 1316 поени на чело на табелата во генералниот пласман симнувајќи го Полјакот Давид Кубацки кој има 1204 поени. Трет е Анже Ланишек со 990 поени.

Следните скокови се во германски Вилинген на 4 и 5 февруари.

ПретходноГоран Пандев ја посети „Маракана“: Црвена Звезда ја сакам уште од дете
СледноЕгипет и Парондо по 80. минути до седмото место на СП