И Шпанија ја расплака „Теле2 Арена“: Шведска остана со празни раце, трета бронза за „фуријата“

191

Бронзениот медал на Светското првенство и припадна на Шпанија која славеше против Шведска со 36-39. „Фуријата“ е втората селекција која ја расплака „Теле Арената 2“ во само два дена. За ракометарите на Шпанија ова трета бронза на Мундијалите.

Алекс Душебаев постигна седум гола, пет имаше Фернандез, на другата страна Ване постигна девет гола.

Шпанија одигра уште еден меч за пример на овој Мундијал. Покажа дека никој не треба да се откажува се до последниот свиреж на судијата, без разлика дали игра пред полна сала со противнички фанови.

По негативата од 22-18 на одморот, а потоа и 23-19 на стартот на второто полувреме, шпанските ракометари со серија од 6-0 приредија пресврт и поведоа после долго време (23-25). Коралес беше одличен на голот, одбрана цврста, па со погодокот на Македа на средината на вториот дел беше 27-30.

Нешто подоцна, Шпанија не искористи два напади и одбрана на Де Варгас од седум метри, за да дојде на плус четири. Шведска намали на 30-32, но тоа не беше пречка за да „фуријата“ продолжи сигурно кон победата. На две минути до крајот беше 33-37.

ПретходноГрузиец во нападот на Академија Пандев
СледноКожув со 51 разлика ја совлада Струмица