Грузиец во нападот на Академија Пандев

892

Екипата на Академија Пандев ќе има нов напаѓач во името на Микеил Ергемлидзе, интернационалец од Грузија.

Робусниот 192 сантиметри висок напаѓач доаѓа во Струмица како засилување за навалните редови, кои беа испразнети со неколку заминувања зимава.

Па така, екс играчот на Динамо Тбилиси, Чикура, Адана во Турција, Капаз и Сабах во Азербејџан, влетува како прва опција за нападот на Пандевци и очигледно дека од него ќе се очекува многу.

Ергемлидзе има во моментов 23 години и е екс младински репрезентативец на неговата земја.

 

ПретходноДортмунд ја прекина победничката серија на Леверкузен (видео)
СледноИ Шпанија ја расплака „Теле2 Арена“: Шведска остана со празни раце, трета бронза за „фуријата“