Партизан вечерва уште повеќе се доближи до местото кое води во плеј-офот од Евролигата. Избраниците на Жељко Обрадовиќ пред своите гледачи убедливо го совладаа француски Асвел со 92:71. За Партизан ова беше 11-та победа, а Асвел со скор 8-14 нема реални шанси да се вклучи во трката за Топ 8.
Капитенот Кевин Пантер беше најефикасен во тимот на Партизан со 22 поени, Ексум постигна 13, Лесор 12, а Нанели 10 поени. Кај Асвел Јусуфа Фал и Понс со по 14 поени беа најефикасни.
Кошаркарите на Барселона и Валенсија вечерва остварија победи. Барселона пред своја публика го совлада Макаби со 83:78 и дојде до 14 победа за второ место на табелата. Валенсија на домашен терен беше подобра од Баерн со 82:73 за четвртата последователна победа во елитното натпреварување.