Нотингем Ф. го купи Фелипе од Атлетико (М), до полноќ ќе го има и Кејлор Навас!

241

Нотингем Форест го објави потписот на искусниот дефанзивец Фелипе од Атлетико Мадрид.

Фелипе се сели во редовите на „шумарите“ со договор до летото 2024 година.

„Мој сон беше да играм во Премиер лигата и навистина сум возбуден што ќе бидам дел од овој прекрасен, брзорастечки клуб. Тоа е голем предизвик за мене и јас донесов јасна одлука да бидам дел од историјата овде и да растам со клубот“, изјави Фелипе.

Навивачите на Нотингем вечера се уште го чекаат топ-трансферот на голманот Кејлор Навас, кој успеа да го убеди ПСЖ да му дозволи да се пресели во Премиер лигата. Трансферот на Навас треба да биде комплетиран до полноќ.

ПретходноПартизанова доминација: Нови победи и за Барселона и Валенсија
СледноИнтер е прв полуфиналист во Купот на Италија (ВИДЕО)