Лудило: Мајкл Џордан во 2022 година заработил 2,5 пати повеќе отколку во целата своја кариера!

534

Ете затоа е нај, нај, најголемиот спортист во историјата. Мајкл Џордан и се е кажано. Богатството на Џордан се проценува на 1,7 милијарди долари, нешто што за Роналдо или Меси, Леброн, Новак, Брејди, Верстапен или Хамилтон, или пак некој друг е мисловна именка.

Па така Мајкл лани, за цела 2022 година заработил 2,5 пати повеќе од заработката во текот на целата своја кариера. Имено кога играл кошарка вкупно заработил од договорите 100 милиони долари, а само лани од процентот на Најк, заработката му била 256 милиони долари.

Навистина лудило.

Приходот на Најк за 2022 година бил 4,8 милијарди долари, а од тие пари секако дека одреден процент, поради ексклузивните права, иако веќе не игра кошарка цели 25 години, оди на сметката на Џордан и тоа 256 милиони долари.

Некој ќе дава голови, кошеви, ќе се „утепа“ играјќи тенис, и пак не може да му се приближи со приходите на НАЈГОЛЕМИОТ, на Мајкл Џордан.

Се разбира дека тие 256 милиони долари се само од Најк, а каде се другите пари од останатите спонзори, е тоа само Мајкл го знае.

ПретходноИталија во шок: Петмина фудбалери обвинети за силување, ги чека затворска казна!
Следно„HandballRanking“: Македонија е на 24. место во светот, зад нас се Швајцарија, Црна Гора, Романија…